| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.04.2017


ФФМ и Ѓоковиќ чекаат на Владата

Дамјан Ѓоковиќ набргу, ако сè биде в ред, веројатно и на следната пријателска средба би требало да дебитира за нашиот национален тим


Дамјан Ѓоковиќ го делат само ситници и процедура за, конечно, да го облече дресот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, а со тоа селекторот Игор Ангеловски да добие навистина големо засилување во средниот ред. А тие ситници се онаа задолжителна процедура која треба Владата на Р Македонија да ја спроведе и да му овозможи на Ѓоковиќ да добие македонски патни исправи и со тоа да може да игра. Да потсетиме дека Ѓоковиќ веќе беше во Скопје, имаше средба со раководството на Фудбалската федерација на Македонија а се разбира дека е во контакт и со селекторот Игор Ангеловски - Мрме. Инаку, тој требаше да дебитира на средбата со Белорусија на 28 март, која ја добивме со 3:0, но таа цела потребна документација не беше изготвена и готова и затоа Ѓоковиќ мораше да го одложи своето деби.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 12.04.2017, 11:16
Статијата е прочитана 2900 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense