| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.09.2017

Најдоски е нов технички директор на Вардар

Прославеното фудбалско име на „црвено-црните“ со функција во таборот на најтрофејниот клуб

Илија Најдоски, некогашниот фудбалер на Вардар и легенда на „црвено-црните“, се враќа во екипата. Тој во иднина ќе ја извршува работата технички директор на екипата.
Најдоски во последно време се поврзува со Вардар, а сега е позната и неговата улога. Негова последна функција му беше директор на репрезентацијата на Македонија.
Тоа значи дека Најдоски се враќа во „црвено-црните“ после 29 години. Тој во 1988 година беше дел од клубот пред да замине во Црвена Звезда со која подоцна ги достигна своите најблескави мигови од кариерата и стана европски првак.



Датум: 08.09.2017, 16:40
Статијата е прочитана 4505 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense