| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.04.2017

Треневски: Не застануваме, одиме натаму...

„Романтичарите“ предводени од својот стратег Виктор Треневски, по Вардар, пролетва го имаат најдобриот биланс во Лигата од сите останати клубови. Секако дека тоа е причина за задоволство во клубот од Градски парк

Минаа цели осум кола од пролетниот дел на сезоната, период во кој Работнички  оствари навистина добри резултати. Само еден пораз, три ремија и четири победи.Освоени се 15 бодови, гол разликата е 8:3. Само Вардар има подобар биланс од „романтичарите“, сите останати зад тимот кој успешно го предводи Виктор Треневски.
„Не застануваме, одиме натаму. Одиме од меч во меч, што се вели. Секако дека има причина за задоволство, но реков рано е сега да говориме за нешто што во секој случај може да се промени“, вели Треневски, кој не го крие своето задоволство.

ПО МАЛКУ СМЕ ИСТРОШЕНИ
Сепак, тој пројавува знаци и на загриженост...
„Па морам да признам дека ова темпо нè истоштува, малку сме и истрошени и не знам како ќе се одвиваат настаните во следниот период. Сепак, тоа важи и за другите клубови, првенството е долго, се играат дури 36 кола, а искрено немаме којзнае каква долга клупа. Но, што е тука е, мораме да се прилагодиме на настанатите услови и да го извлечеме сиот максимум од силите што го имаме во нас“.

ЗА ПЛАСМАНОТ ЌЕ ГОВОРАМ НА КРАЈ
Работнички јасно е дека оди по нов излез на евро сцената. Засега во тоа е успешен, се наоѓа на третото место, со 43 бодови, шест повеќе од Пелистер и дури осум пред Силекс. Ако продолжи со ова темпо, а и со оглед на квалитетот што го поседува тимот на Треневски, не би требало да има проблеми. Но, се поставува прашањето дали Работнички може да ја брка Шкендија за тоа второ место. Тетовци бегаат 8 бодови, до крајот во игра се 30 бодови, а Шкендија е во шок, ја загуби битката за титулата и сега ќе се сврти целосно кон Купот.
„Јас лично не размислувам околу тоа дали ќе ја бркаме Шкендија или не. Работнички до крајот ќе оди на победа на сите мечеви и ако тоа биде доволно да се минат тетовци ќе биде одлично, но ако не тогаш нема потреба од некоја преголема тага. Наш приоритет е Европа и тоа трето место. Инаку, за пласманот, дали сум задоволен или не, ќе говорам кога сè ќе се заврши“.



Датум: 14.04.2017, 10:58
Статијата е прочитана 1010 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense