| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.01.2018

Пандев: Мојот последен обид за пласман на ЕП

„Планирам, само ако здравјето ме послужи, да ја одиграм барем групната фаза во Лигата на Нации. Ќе направам напори, без разлика на годините, да помогнам колку што можам конечно Македонија да се најде на едно Европско првенство“ истакнува веројатно нашиот најдобар фудбалер во историјата

Во интервјуто за „Македонски спорт“, Горан Пандев покрај останатото истакнува дека се би дал да игра со Македонија на едно големо натпреварување. Се разбира дека се осврнува и мисли на есенските натпревари во Лигата на Нации, преку кои нашата најдобра фудбалска репрезентација може да се најде на ЕП 2020 година.
На прашањето дали Македонија во есенските квалификации во Лигата на Нации на теренот ќе биде предводена од Горан Пандев, како капитен или не, свој коментар има самиот тој...
„Се би дал да играм на едно големо натпреварување, кариерата да ја завршам со настап на едно Европско првенство. Моите мотиви не недостасуваат, сакам и желен сум за игра, како и секогаш кога станува збор за Македонија, за нашата земја, за дресот со државниот грб. Но, сепак мора да се признае и да се знае дека и годините ме притискаат. Јас сакам, имам неверојатна желба и сакам да помогнам во секој случај“. 

Ова е мојата последна шанса...

Ова ќе биде мојата последна шанса или последен обид, за пласман на едно Европско превенство. Планирам, само ако здравјето ме послужи, да ја одиграм барем групната фаза во Лигата на Нации. Ќе направам напори, без разлика на годините, да помогнам колку што можам конечно Македонија да се најде на едно Европско првенство. Реков дека имам големи мотиви, тоа не е спорно. Зависи и од тоа во каква форма ќе бидам, знам дека на моите соиграчи и на селекторот Игор Ангеловски сум им потребен и затоа тоа ме влече напред, кон одлуката да играм за Македонија во есенските квалификации. Планирам кога ќе ми заврши договорот со Џенова на лето да најдам клуб со кој ќе играм барем уште една година. Ако тоа се оствари тогаш нема да има проблем да играм и за Македонија, но само ако бидам во добра форма, ако сум во ситуација да помогнам. Не сакам да бидам во селекцијата ако не се сум барем малку подготвен“ истакнува  Пандев.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 29.01.2018, 12:56
Статијата е прочитана 1505 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense