| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.09.2017

албанците спиеја во Скопје, па заминаа во Струмица

Албанската репрезентација синоќа пристигна во скопскиот хотел „Парк“ а утрово тргна за Струмица каде има тренинг од 19 часот

Репрезентацијата на Албанија преку Скопје патува за Струмица. Нашиот утрешен противник во квалификациите за СП во неделата вечерта стигна во Скопје, експедицијата беше сместена во хотелот „Парк“ а утрово во 10 часот исто така со автобус заминаа за Струмица. Од Албанија стигна и најава дека патувањето кон Струмица преку Скопје било држено во тајност од безбедносни причини.
Според протоколот тренингот на стадионот „Младост“, фудбалерите од Албанија ќе го одржат во 19 часот.
Медиумите во Албанија со голем интерес го најавуваат гостувањето на нивната репрезентација во Струмица. Не стивниваат провокациите и навредливите зборови за стадионот „Младост“. Дел од медиумите го наверуваат како „куќичка“ на „штрумфови“.
Заборавиле каде и како тие нас не пречекуваа во минатото и дека поради безбедносни причини оваа средба се игра токму во Струмица.



Датум: 04.09.2017, 12:25
Статијата е прочитана 1686 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense