| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.06.2017

Во Победа на проба играч од Хаити!

Попладнево прилепчани ги стартуваа подготовките, новаци се Маневски и Ацески а има неколку играчи на проба, еден дури од Хаити

Прилепчани од денеска се во „погон“. Ги стартуваа подготовките, тука беа новаците Маневски и Ацески. Наредните денови шанса да се наметнат низ тренинзите ќе имаат неколкумина играчи на проба - неколкумина младинци, а има и четворица странци - Хрват, Бразилец, Азербејџанец, дури и играч од Хаити. Единствени кои добиле исписница се бекот Даниел Котески и играчот за врска Христијан Петрески.
Подготовките до 13 јули ќе се реализираат во Прилеп, потоа во Банско, Бугарија, десетина дена, потоа пак дома, а од ривалите со кои ќе се одмерат силите на пријателските мечеви, засега познато е само името на стариот познајник, Лирија Призрен од Косово.

 



Датум: 26.06.2017, 18:34
Статијата е прочитана 3355 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense