| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.11.2017

Деген го бендиса Тодоров

Прославеното швајцарско фудбалско име во својот бележник го вметна Миле Тодоров кој денеска одигра одличен натпревар.

Во ложата на комплексот Петар Милошевски денеска на мечот Македонија – Швајцарија се најде и Филип Деген. Некогашниот швајцарски репрезентативец сега во улога на менаџер имаше што да види на овој натпревар. Плејада од млади и ултра перспективни и квалитетни играчи. Еден кој посебно му падна во очи е нашата „четворка“, Миле Тодоров. Играчот на скопски Работнички не престана деведесет минути да се бори имаше безброј дуели и грото од нив ги освои. Деген секако дека ќе има што да понуди на европскиот пазар, а продолжи ли Тодоров со ваквите игри ќе биде мета на многу екипи ширум Европа. Тој е еден од малкуте стартери на денешниот меч за Македонија кој сеуште е дел од домашниот шампионат.


 



Датум: 08.11.2017, 19:11
Статијата е прочитана 4633 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense