| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.02.2017

Одлуката за Адеми ќе биде позната на 15. февруари

Меѓународниот суд за спорт во Лозана (ЦАС) објави дека на 15 овој месец конечно ќе се изјасни по жалбата на Аријан Адеми, односно за неговиот допинг кој што беше откриен пред година и пол, и фудбалерот и неговиот клуб се бори да ја докаже правдата.

Откако УЕФА му изрече суспензија од четири години, Адеми со неговите адвокати ја бара правдата во Лозана. Од одлуката на меѓународниот суд за спорт ќе зависат многу работи во кариерата на Адеми. Дали ќе биде ставен крај на маките, или пак потврда на суспензијата што би значело и крај на кариерата.
На играчот на Динамо му беше откриен допинг после мечот од Лигата на шампионите против Арсенал, во кој што неговата екипа триумфираше со 2:1. Иако се очекуваше само минимална казна, сепак, Адеми од УЕФА доби забрана за настап на четири години, што е најголема казна за допинг за еден фудбалер.
Останува да се види одлуката на меѓународниот суд кој што е последната надеж за Адеми. Ако и тој се изјасни дека фудбалерот е виновен, тогаш прерано ќе заврши една кариера.



Датум: 03.02.2017, 10:39
Статијата е прочитана 898 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense