| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.03.2017

Мрме го врати Ејупи, но го изостави Жута за Лихтенштајн и Белорусија

Напаѓачот на Осиек кој има одлична сезона зад себе доби повик од селекторот Ангеловски за претстојниот квалификациски натпревар за СП против Лихтенштајн како и за пријателската средба со Белорусија. Од друга страна, пак, селекторот не е задоволен од формата на бекот на Ријека

Музафер Ејупи очекувано се најде на списокот на повикани фудбалери од страна на селекторот Игор Ангеловски за претстојниот кфаливикациски меч за СП против Лихтенштајн, како и за пријателската средба со Белорусија. Одличниот напаѓач ќе има шанса да се докаже сега и во репрезентативниот дрес. Леонард Жута не ги задоволи вкусовите на селекторот, па така немаше место за него на овој список.

Покрај неговото враќање, во списокот немаше поголемо изненадување. Стефан Спировски и Езџијан Алиоски не се најдоа на истиот, бидејќи не се доволно закрепнати. Алиоски сепак, ќе добие дополнителен повик за Белорусија.



Датум: 13.03.2017, 12:10
Статијата е прочитана 4153 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense