| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.03.2017

Мрме и Пандев веруваат во триумф на Македонија

Оптимизам кај нашиот селектор Ангеловски и капитенот на репрезентацијата во пресрет на утрешниот натпревар со Лихтенштајн

Нема дилеми, Македонија утре ја интересираа само три бода и ништо друго. Респект за домашната селекција но како што изјавија на предмалку завршениот прес селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, овој меч за нас е значаен и секако дека ќе се оди на победа
„Во фудбалот нема лесни противници, ако сакаме победа треба да бидеме на максимално ниво. За разлика од минатите мечеви, сега сакаме да дојдеме до добар резултат. Противникот го респектираме, но што ќе почне мечот нема веќе респект, одиме на победа. Се уште не се знае формацијата и стартниот состав, се завиди од тоа дали Спировски ќе игра или не“ изјави Ангеловски.

„Ова е голема шанса да направиме пресвртво во овие квалификации. Мислам дека сме поквалитетни и дека треба да одиграме како што знаеме, тогаш ќе нема проблем. Имм искуство од вакви мечеви , секогаш кога сме биле фаворити сме потфрлувале и затоа на овој меч нека нема фаворити“ посочи капитенот Пандев.
 



Датум: 23.03.2017, 18:24
Статијата е прочитана 548 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense