| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.01.2017


5.2 милиони денари за Северната трибина во Штип


Oпштина Штип распиша тендер за Северната трибина на Градскиот стадион, што ќе се наоѓа од страната на реката Брегалница. Тендерот е „тежок“ 5,2 милиони денари


Пред неколку денови Општина Штип распиша тендер за Северната трибина на Градскиот стадион. Трибината треба да биде изградена според постојниот проект. Заинтересираните учесници за тендерот во рок од 20 дена треба да ги достават  своите понуди. Досега преку средства на УЕФА, со поддршка на ФФМ, во Штип заврши изградбата на теренот, поставени се осум рефлектори, а локалната самоуправа има обврска да донесе трафостаница на стадионот и да изгради трибина. Беше најавено дека  трафостаницата ќе биде донација од ЕВН.



Датум: 26.01.2017, 14:17
Статијата е прочитана 2247 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense