| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.08.2017

Димитриевски во Гимнастик до 2020 година

И покрај интересот од Сарагоса, во следните неколку дена репрезентативниот чувар на мрежата ќе ја продолжи верноста кон сегашниот клуб

Столе Димитриевски ќе остане во Гимнастик Тарагона и во следните три години. Според новиот договор, ќе потпише до 2020 година. Се очекува од оваа сезона тој да биде стандарден меѓу диреците на својата екипа, откако во минатиот шампионат беше, па потоа не беше прва опција.

И покрај интересот од Сарагоса, голманот веќе пружил рака кон челниците на Гимнастик и се очекува во следните неколку дена новата соработка да биде официјализирана.

Димитриевски веќе долго време е во Шпанија. Најпрво настапуваше во Кадиз и во Гранада, а минатото лето се пресели во редовите на Гимнастик. Тој е прв избор на селекторот Игор Ангеловски за репрезентацијата во овој квалификациски циклус за пласман на СП во Русија идната година.



Датум: 10.08.2017, 11:36
Статијата е прочитана 1028 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense