| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.02.2017

Вардар ја повикува публиката да дојде на дербито

Најтрофејниот клуб посакува повеќе гледачи на пресметката против Шкендија

Сосема е јасно дека и покрај тоа што ги доживува своите шампионски моменти и се бори за освојување на нова, 11-та титула во сезоната, Вардар ја нема на помош својата публика. Стадионот е празен кога Вардарци се домаќини, а сето тоа може да се смени токму на дербито со Шкендија.

Во недела се игра големото дерби против Шкендија, а Вардарци ја повикуваат на помош и својата публика.

„Нема поубаво чувство за еден тим, за една фудбалски тим кој што преставува гордост во својата земја кога ги игра своите натпревари пред многу публика. Вардар во недела го игра дербито против Шкендија. Нашиот и ваш омилен тим е на врвот на табелата, актуелен првак, игра меч кој што може да биде важен во битката за нова шампионска титула, и токму од тука нема подобар момент од овој да ги видиме трибините исполнети на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Да биде тоа ден вистински празник на фудбалот, ден кој што сите ќе го паметиме, ден на кој што ќе уживаме во квалитетен фудбалски натпревар, ден за нова победа на Вардар.“, пишува на официјалниот сајт на ФК Вардар.



Датум: 23.02.2017, 21:35
Статијата е прочитана 3491 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense