| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.06.2017

Победата ни избега од раце, Македонија - Србија 2:2

Водевме со 2:1 се до 90. минута кога Србија израмни на 2:2 за крај на вториот меч од квалификациската „Б“ група на ЕП во Полска. Противникот водеше, за да потоа со головите на Барди и Ѓорѓев нашите херои направија пресврт но на крај победата ни избега од раце

Штета, навистина штета. Малку, само неколку минути недостигаше, Македонија да ја извојува првата и историска победа на едно големо натпреварување. Попладнево во Бидгошч, во втотото коло од „Б“ групата на ЕП во Полска, Македонија одигра 2:2 со Србија. Водевме се до 90. минута со головите на Барди и Ѓорѓев, но Ѓурѓевиќ ни ја скрати голема радост.


Инаку Србија поведе со голот на Гачиновиќ во 24.минута со гол од чист офсајд. Македонија во второто полувреме, со влегувањето на Елмас и Ѓорѓев беше далеку подобра, па како резултат на тоа направивме и пресврт. Барди од пенал во 64. минута израмни на 1:1, за да во 83.минута со прекрасниот погодок на Ѓорѓев поведовме со 2:1. Но ете на крајот немавме среќа во мечот кој заврши без победник 2:2.



Датум: 20.06.2017, 19:56
Статијата е прочитана 3196 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense