22.11.2017
Манчини со „резервистите“ го чека Вардар
Тренерот на Зенит најави неколку измени во тимот за утрешниот меч од 5. коло во „Л“ групата во ЛЕ

Зенит посакува победа, но тимот од Санкт Петербург нема да игра со најсилниот состав против нашиот Вардар. Ова го најави Роберто Манчини, тренерот на Зенит на пресот кој се одржа предмалку. „Ќе има измени, тоа е сигурно. Сега не можам да потврдам кои од моите играчи ќе биде стартер но секако дека ќе има измени, ќе им се даде шанса на оние кои досега немаа голема минутажа и оние кои досега помалку играа. Ќе видиме, но јасно е дека без разлика на тимот кој ќе настапи против Вардар ние сакаме победа“ истакна Италијанецот на клупата на Зенит.
Датум:
22.11.2017, 11:59 |