| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.04.2017

СКАНДАЛ: Бодовите на Шкупи, боксовите за судијата

Победата на Шкупи од 1:0 во последниот меч од 29. коло на ПМФЛ падна во сенка на физичкиот напад на судијата на мечот Темелков од страна на претседателот на Шкупи, Ејуп Адеми

Работнички и покрај слабата игра имаше можност во последните секунди од мечот да „извлече“ поен, меѓутоа Филип Ивановски не успеа да го совлада голманот на Шкупи, Суат Зендели. Мечот беше одлучен во 43-тата минута, кога Бесир Исени по фантастичниот пробив од левата страна го постигна единствениот гол на натпреварот.
По крајот на мечот, првиот човек на Шкупи, огорчен од одлуката на судијата да досуди пенал во финишот на натпреварот, со три удари одзади го нападна судијата. На мечот имаше само тројца полицајци.

РАБОТНИЧКИ - ШКУПИ 0:1
Исени 43’



Датум: 27.04.2017, 18:06
Статијата е прочитана 7033 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense