| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.09.2019

ПОД ЛУПАТА: Децава имаат некоја чудна „магија“

Родени победници, шампиони... Тоа може да се каже за Велковски, Барди, Николов, Муслиу... А Елмас!? Тоа е „дете дијамант“

Пишува: Игор Д. Ивановски

Пу, пу... само да не ги урочиме! Ова е некое чуди, некоја виша сила, некоја магија. Кај и да играат победуваат, со кого и да играат повторно - ПОБЕДИ, ИСПЕСИ, ИСТОРИИ... Па ние имаме блескава фудбалска историја затоа што имаме супер деца какви до сега не сме имале. Минале генерации и генерации но вакво чудо сега гледаме. За што да се фатат „злато прават“. Колку и да грешат се им се простува затоа што крајот е ист - победнички.
Така победничката „маја“ ги фати и сениорите. Ги фати затоа што се засилија со овие младиве кои зрачат со енергија. Тие се родени победници. каде и да одат се освојуваат. Зад себе газеа во квалификациите за фудбалери до 21 година, играа на ЕП, еве сега победуваат и со сениорите. Даре Велковски, Боби Николов и Висар Муслиу го однесоа Вардар во групната фаза од Лигата на Европа. Тоа се тие деца... Деца победници какви досега сме немале. Но не се само тие. Барди си гази во Шпанија, Бабунски има шанси за титула во Јапонија. Зајков и Радески влегоа во Хаифа во последните минути но и тогаш ништо страшно. Се е мирно, сигурно и чисто. Каков Израел, каква закана кога „магијата“ на овие момци трае и трае.
А не се ништо постари ниту Стефан Ристовски, Стефан Спировски, Џани Алиоски, Столе Димитриевски, Илија Несторовски.... Сето тоа со големиот „ГРАНДЕ“ прави една силна селекција и репрезентација за почит.
И за крајот Елиф Елмас. Сега јасно ли ви е за каков фудбалски „дијамант“ станува збор. Фенербахче е само прва стануца во неговата кареира која треба да биде многу успешна. Ова дете има 17. години. Каква дрскост, храброст и сигурност. На моменти ми се смееше кога гледав како елегантно си ги вози противничките играчи во Хаифа. Во стилот на големите мајстори. Му требаа само 10 минути да ја осети играта, да го најде пандев и се е решено, се радуваме, на семафорот свети 0:1. Така е тоа во фудбалот! Претодните генерации имаа талент, имаа желба но немаа резултати. А во фудбалот историјата ја пишуваат победниците. Едно знам... СОНЦЕ ќе не грее со овие деца и во наредната деценија. Но треба да останат на земја и да не „летаат“. Пред нив е времето. Толку млади а веќе успешни... Секоја чест дечки!

П.С: Шансата да се биде трет во групата не смее да се испушти. Утре не чека тешка битка во Струмица. Дуел со Албанија и момент за наплата на нов долг. Се „протнаа“ во Скадар но сега нема најави за дожд. Сега каде!?



Датум: 04.09.2017, 13:52
Статијата е прочитана 2272 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense