| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

Деби од соништата: Гол-победа за Бабунски во Јапонија

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски го постигна првиот гол во новата сезона во Јапонија.

Деби од соништата за Давид Бабунски во дресот на Јокохама. Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол во еден официјален натпревар. Бабунски стрелаше во 15. минута во победата на неговиот тим над Урава (3-2) во првиот меч од новата сезона во ова натпреварување. Неговиот тим имаше водство, па потоа губеше, за на крајот со два гола да стигне до трите бода.

Бабунски стигна во Јокахама од Црвена Звезда во зимскиот преоден рок во потрага по поголема минутажа. И тоа се покажа како исправен потег ако се има во предвид првиот натпревар кој го одигра до крајот.
 



Датум: 25.02.2017, 09:33
Статијата е прочитана 608 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense