| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.07.2017

Дестани го промовираше Висар Беџети, новиот претседател на Шкендија

Висар Беџети и официјално е новиот претседател на тетовските „црвено - црни“


Иако Беџети веќе неколку недели ја извршува функцијата претседател на Шкендија, тој денеска беше промовиран и тоа од страна на газдата на клубот Лазим Дестани со што ја формализираше одлуката на главниот борд на клубот донесена пред неколку денови. Инаку за време на Дестани, Беџети е четвртиот претседател на клубот.
Висар Беџети ќе има директна конекција со тим - менаџерот Ќатип Османи, значи Шкендија воведува новитети во своето работење.
Беџети е роден во Тетово, завршил највисоки школи, доаѓа од приватниот бизнис со врски со неколку европски земји. Тој е и човек кој има има големо интернационално фудбалско искуство. Токму она што и треба на клуб како Шкендија.



Датум: 25.07.2017, 17:45
Статијата е прочитана 1154 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense