| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.05.2017

Абдурахими: Сакаме реприза од лани

„Пелистер е добар, квалитетен тим но ние ако бидеме вистинските сека дека сме поблиску до пехарот“ вели напаѓачот на Шкендија

Во таборот на Шкендија во преден план е големото Куп финале кое се игра задутре во Струмица со почеток во 17 часот...
За тоа што може да се очекува свој коментар има Бесарт Абдурахими...
„Сметам дека ние сме во мала предност, Шкендија е благ фаворит на хартија ако веќе некој од финалисите мора да се потенцира во такво нешто во извесна смисла на зборот. Не чека големо и неизвесно финале, секоја чест за Пелистер. Самиот факт декс стигна до тука си има свои амбиции. Ние од Шкендија сме свесни што значи за нас овој пехар. Затоа не криеме дека сакаме реприза од лани и сакаме да го задржиме драгоцениот пехар барем уште една година во нашите клупски витрини. Мислам дека ако ние бидеме вистинските, ако ние одиграме како што знаеме и умемее тогаш ќе бидеме поблиску до победата“истакна Абдурахими за клупската интернет страница.

 



Датум: 15.05.2017, 21:04
Статијата е прочитана 1802 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense