| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.06.2017

Работнички чекаше до 90. минута за да победи

Со голот на Митрев во последните мигови од мечот во Сан Марино „романтичарите“ успеаја со 1:0 да победат со Тре Пене

Наспроти очекувањата, тешка победа за Работнички во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Европа. Сепак победа од 1:0 и тоа со голот на дефанзивецот Деан Митрев во последните мигови на средбата. Во текот на целиот меч момците на стратегот Виктор Треневски ја имаа иницијативата, имаа и шанси но гол постигнаа дури во 90. минута. Реваншот се игра на 6 јули во Скопје на теренот на ФФМ со почеток во 17:30 часот.



Датум: 29.06.2017, 22:25
Статијата е прочитана 3494 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense