| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.07.2017

Наџи Шенсои: Да го следиме патот на Работнички

Тренерот на Пелистер посакува триумф над Лех за да може коефициентот на клубот да се искачи и следните години битолчани да добиваат полесни противници во еврокуповите

Тоа тој го потенцираше на прес конференцијата која предмалку се одржа на стадионот Младост во Струмиц,а каде што Пелистер утре од 17:00 часот ќе го одигра реванш дуелот против Лех. Тој напомена уште и дека судијата на првиот меч директно влијаел врз резултатот и исходот на мечот.
„Како тренер странец би сакал да потенцирам дека сакав Пелистер да има малку повеќе надеж воочи реваншот. По 4-0 на првиот натпревар, не велам дека е невозможно, но сепак е многу тешко да се елиминира тим како  Лех Познањ. Полските фудбалери можат да бидат среќни што не постоеше видео судија на првиот натпревар во Познањ. Одговорно тврдам дека португалскиот судија има одговорност при првите два гола на Лех. Тоа е доволно за да ја убие нашата самодоверба. Сега ни преостанува само да им честитам на челниците на УЕФА за воведувањето на видео технологијата во фудбалот. Утре ќе играме за честа и за зголемување на коефициентот за идните сезони во Европа. Гледате дека учеството на Работнички со години наназад, веќе им даде плодови со тоа што го извлекоа тимот од Сан Марино. Тоа е патот кој сака да го следи и Пелистер. Ни преостанува да се надеваме дека ќе издвојуваме победа за честа и за нашите навивачи“ - изјави Шенсои.



Датум: 05.07.2017, 16:52
Статијата е прочитана 2303 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense