| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.04.2017

Академија Пандев го достигна прволигашкиот сон

„Овој успех е и повеќе од заслужен. Се е лесно кога клубот фукнционира на највисоко ниво, на нас фудбалерите ни останува само да играме“ вели бекот на „академците“ Александар Вареловски

Со победата против Тиквеш од 3:1 и со ремито на Новаци во Турново, екипата на Академија и официјално се промовира во нов прволигаш. На пет кола до крајот, струмичани имаат недостижни +17 во однос на третиот Новаци, што значи дека математички е невозможно да испуштат едно од двете места што носат промоција во елитата. Таквиот успех е сосема заслужен, со оглед на тоа што „академците“ уште од почетокот на сезоната се доминантни во првенството, го имаат најдобриот напад, а со Новаци ја делат и најдобрата одбрана.
„Да не се лажеме, на сите ни е јасно дека овој исход е и повеќе од заслужен. Тоа особено важи за нас фудбалерите затоа што ние сме сведоци од првиот ден дека во клубот се функционира беспрекорно и дека немаше ниту еден пропуст по што ние можевме да се концентрираме само на тоа да постигнеме добри резултати на теренот“ – вели бекот на Академија Пандев, Александар Вареловски.

*Повеќе читајте во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“


 

 

 

 



Датум: 24.04.2017, 20:20
Статијата е прочитана 6521 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense