| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.09.2017

Вардар доби нова евро-лекција

Розенборг со 3:1 славеше во Трондхајм против нашиот првак во 2. коло од Лигата на Европа. Очаен Вардар и прекрасен гол на Фелипе во 90-тата минута

Овој Вардар не личи на себе. Овој Вардар е далеку од оној „летен“ Вардар кој играше фудбал, напаѓаше, даваше голови и победуваше. Со влезот во групната фаза од Лигата на Европа нашиот тим како да застана! Како да ја завршија работата фудбалерите во „црвено-црни“ дресови кои вечерва добија нова фудбалска лекција. Розенборг не е ништо посилен од Малме или Фенербахче но и со таква „кондиција“ тимот од Норвешка стигна до убедлива победа од 3:1.
А почетокот беше добар. Блажевски погоди статива по само две минути игра. Тоа како да беше најава за добар меч на нашиот тим но од сето тоа остана само да ги гледаме головите на домашните. Кикс на одбраната на Вардар, фаул за пенал на Муслиу и гол на Никлас Бентнер. Им подаривме водство на домашните.
Во вториот дел се чекаше до 56. минута кога Конрадсен од 18 метри упати вистински проектил. Прекрасне гол за 2:0! А веќе во 68 минута се беше готово. Сите „бродови“ на Вардар за спас од пораз потонаа. Со петица Бентнер го наоѓа Хеденштад а овој ја смести топката во мрежата низ нозете на Гачевски.

И потоа се „разиграа“ нашите шампиони. Удар од далечина на Барсегјан и супер шанза за Исени во 81. минута.
И кога се очекуваше крај на маките се случи и првенецот на Вардар во групната фаза. Прекрасен лоб удар од 15 метри за Фелипе. Мајсторија на мајстрот кој го „измери“ високиот голман на Розенборг.
Пет од Зенит и сега „ТРИ“ во Трондхајм. Очекувавме многу повеќе од Вардар во Лигата на Европа. Нашиот првак закован на дното од табелата сега го очекува Реал Сосиедад на 19 октомври во Скопје.

 

 



Датум: 28.09.2017, 20:49
Статијата е прочитана 434 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense