| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.03.2017

Несторовски е опција за Фиорентина

Македонскиот репрезентативец се споменува како една од евентуалните замени за Калиниќ кој летово ќе замине во Кина

Илија Несторовски со своите настапи во Палермо го привлече интересот на голем број на клубови. Последен на таа листа на заинтересирани застана Фиорентина. Имено според италијанските медиуми, членот на Серија А веќе започна да бара замена за Никола Калиниќ кој летово за 50 милиони евра ќе направи трансфер во Кина.
Покрај Несторовски, овој тим ги разгледува и Луис Муриел од Сампдорија и Андреа Петања од Аталанта.
Во изминативе неколку месеци, голем број на клубови истакнаа интерес за нашиот репрезентативец а меѓу најзвучните имиња се Атлетико Мадрид, Евертон и Севиља.
Илија до сега постигна 10 погодоци за Палермо додавајќи и три асистенции и со тоа се истакна како најдобар поединец на тимот од Сицилија кој се бори за прволигашкиот опстанок.



Датум: 21.03.2017, 16:34
Статијата е прочитана 2336 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense