| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2017

Ренова подобра од Шкупи

Во пријателски натпревар одигран во Тетово, екипата на Ренова го совлада Шкупи со 2:0.

Головите на оваа средба беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Џелил Абдула и Емран Рамадани. Влијание на поразот на чаирчани имаше тоа што вториот дел, го одиграа претежно со играчи од младинската екипа, а во тимот не беа засилувањата Буњамин Шабани и Седат Бериша.
Ова за Ренова беше втор пријателски дуел зимава, откако викендов одигра нерешено со Македонија Ѓорче Петров 2:2, додека за Шкупи ова беше првиот зимски тест дуел.



Датум: 25.01.2017, 17:15
Статијата е прочитана 1721 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense