| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.11.2017

„Четворки“ на Шкендија и Шкупи, супер гол на Серџио...

Лидерот со 4:0 го победи Скопје со хет-трик на Буба Хасани, Шкупи со 4:1 славеше над Ренова. Серџио во 94. минута погоди за 1:1 во Струмица

Шкендија продолжува да ги тероризира своите противници во Првата лига. Попладнево во Тетово лидерот иако одигра со половина од своите сили успеа со 4:0 да го победи Скопје. Хасани беше стрелец на три гола а асистираше и на голот на Бејтулаи.
Шкупи по малку неочекувано со 4:1 ја победи Ренова, Јашаровски со два гола беше централна фигура на мечот.
Работнички, односно Серџио во 90+4. минута успеа да израмни на 1:1, со тоа „романтичарите“ продолжуваат со добрите резултати. Академија Пандев водеше со голот Балдовалиев но Серџио во последните секунди со супер гол погоди за бод.
И на крај во Прилеп, Силекс со 2:0 ја победи домашната Победа. Со овој пораз и дефинитивно на прилепчани лошо им се пишува.

Резултати - 16. коло
А. ПАНДЕВ - РАБОТНИЧКИ 1:1

Балдовалиев 52’ - Серџио 90’+4’
ШКЕНДИЈА - СКОПЈЕ 4:0
Хасани 11’, 38'(п), 60’, Бејтулаи 53’
ШКУПИ - РЕНОВА 4:1
Стојкоски 13’, Јашароски 20’, 59’, Адем 71’ - Јусуфи 30'
ПОБЕДА - СИЛЕКС 0:2
Тимов 20', Ѓорѓевиќ 65’

Вардар - Пелистер (18:00 ч)

Табела
1. Шкендија 40 бодови, 2. Вардар (-3) 26, 3. А. Пандев (-1) 25, 4. Силекс 25, 5. Работнички (-1) 20, 6. Шкупи (-1) 18, 7. Ренова 17, 8. Пелистер (1) 15, 9. Победа 15, 10. Скопје (-1) 9



Датум: 19.11.2017, 15:10
Статијата е прочитана 1751 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense