| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.01.2017

Алиоски: Од играчка настана беља

Репрезентативецот за Македонски спорт објаснува како дошло до немилиот настан и наводната кражба на подготовките во Шпанија

Езџјан Алиоски олигледно дека нема мир од медиумите во Швајцарија. Најпрво го одведоа во десетина клубови во Европа иако тој сеуште е дел од Лигано, а потоа му„сместија“ кражба на телевизор во хотелот во Шпанија каде што нашиот репрезентативец е на подготовки с својот клуб.
„Каква кражба на телевизор, тоа се глупости. Медиумите во обид да се пошегуваат, настана вистинска афера. Загубени во преводот, во обид за сензационализам, погрешно ме обвинија и сега мора да демантирам. Па кој би помислил да украде телевизор, кога ние тука во Шпанија престојуваме десетина денови. Нема ништо од тоа. Јас сум дел од сериозен клуб, па кој би дозволил такво нешто. Веднаш би имало санкции кон мене да е така. Од обично дружење со соиграч станавме крадци само затоа што порталот Ticinno news, погрешно пренесе од она што вистински се случуваше. Да, точно е дека телевизорот го преместивме, а како може да го украдеме кога ние сме сместени во истиот хотел. Афера и ништо повеќе“ – вели Алиоски за Македонски Спорт.



Датум: 18.01.2017, 14:47
Статијата е прочитана 2875 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense