| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2018


Финансиската полиција го „чешла“ Интер


* Италијанската финансиска полиција ја истражува продажбата на Интер на Ерик Тохир во 2013 година


По Милан на удар дојде и Интер. Уште еден клуб кој беше купен од азиски бизнисмен и тоа во 2013 година кога Ерик Тохир стана сопственик на клубот откупувајќи го поголемиот пакет на акции од Масимо Морати.
Полицијата се сомнева во нелегални активности за време на купувањето на клубот во 2013 година. Бизнисменот од Индонезија, Тохир од тогашниот сопственик Морати купи 70 отсто од акциите на клубот, меѓутоа полицијата го истражува потеклото на 79-те милиони евра платени за превземање на клубот. Во документите нема никакви податоци околу начинот на кои се обезбедени односно за дотокот на тие пари. Па затоа на „чешлање“ се сите страни кои учевствувале во трансакцијата пред пет години.
Тохир подоцна продаде 40 отсто од акциите на кинеската компанија Сунинг која сега е на чело на миланскиот гигант, а се очекува во наредните месеци тоа да го направи и со преостанатите 30 проценти.
Претходно и Милан беше осомничен за нерегуларности при предавањето на власта од Силвио Берлускони на кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, сметајќи дека се работи за илегални пари



Датум: 20.01.2018, 11:54
Статијата е прочитана 350 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense