| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.03.2017

Ангеловски: Имаме сила за победа со Лихтенштајн

Алиоски се здобил со повреда на половината и под знак прашалник е неговиот настап за пријателската со Белорусија


Пред малку Игор Ангеловски, селекторот на нашата репрезентација ги собра фудбалерите на кои ќе смета за квцалификацискиот дуел со Лихтенштајн во петок во Вадуц. Освен Трајковски и Несторовски кои треба попладнево да дојдат во Скопје, сите останати се појавија во репрезентативната база.
На кусиот брифинг селекторот истакна...
„Пристапот ќе ист како и на сите мечеви но формацијата ќе биде сменета. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок  но се надевам дека тоа ќе биде плус повеќе за да срушиме таа традиција“.
Инаку Езгијан Алиоски вчера добил повреда на половината и треба денеска да прави магнетнта резонанца. Не смее да патува и ако се покаже ќе дојде директно во Вадуц. Инаку Алиоски не може да игра со Лихтенштајн поради жолти картони, а сега неговиот настап со Белорусија е под знак прашалник поради повредата на половината.



Датум: 20.03.2017, 11:01
Статијата е прочитана 2844 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.06.2017
29.06.2017
29.06.2017
29.06.2017
29.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense