| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.06.2017

Брегалница се продава за 13.000 евра!?

Толку чинат 51% од 250 акции за штипските „сини“, за толку може да се купи ФК Брегалница

Вчерашната седница на Комисијата за спорт при локалната самоуправа - Штип на која требаше да се расправа по предлог-одлуката за продажба на дел од акциите во сопственост на Општината во Друштвото за спортски дејности  ФК Брегалница 2008 АД,е одложена.
„За оваа седница не беа консултирани сите членови на Комисијата. Затоа ја одложив. Сакам во комплетен состав да решаваме за оваа одлука. Ние ја добивме поканата за седницата преку мобилен телефон. Веројатно, во текот на идната недела ќе се произнесеме. Денеска, истовремено, е одложена и седницата на Комисијата за финансии, бидејќи таа го очекува нашиот  заклучок. Сметам дека до 23 јуни, за кога е закажана седницата на Советот на Општината, комисиите ќе излезат со свои   заклучоци “, изјави Борче Коцев, претседател на Комисијата за спорт при локалната самоуправа.

МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДАТ САМО 51% ОД АКЦИИТЕ
 
Што содржи оваа предлог-одлука за продажба на  Брегалница? Со неа се утврдува продажбата на 51 насто (во пакет) од вкупно 250 акции во сопственост на Општина Штип. Вредноста на акциите сопственост на Општината изнесува 100 евра за акција. Општина Штип и купувачот на 51 насто од акциите ќе склучат посебен договор за меѓусебно регулирање на односите, при што особено ќе се имаат предвид договорните обврски.
1.  Во официјалното име на клубот да стои  именката „Брегалница“.
2. Во следите 10 години, Општината има обврски  да вложува по 600 илјади денари месечно во клубот, односно 7 милиони и 200 илјади денари годишно, сѐ додека тој се натпреварува во Втората, односно во Првата лига.
3. Тековното одржување на градскиот стадион и  на стадионите во Суитлакот и Бело Брдо е обврска на Општина Штип, како и сметките за потрошена електрична енергија и за вода. Контролата ќе ја врши Општината преку свој претставник во УО на клубот.
 4.  Општината нема да се меша во дејноста фудбал, избор на играчи и на тренери. Тоа е исклучиво право на купувачот.
5. Режимот на користење на градскиот стадион ќе го утврдува купувачот на пакетот акции самостојно.
6. Купувачот ќе го преземе клубот без вработени, освен лицето задолжено за хигиена.
7. Сите обврски на клубот направени пред неговото преземање од новиот сопственик, остануваат обврски на Општина Штип.
Не е тајна дека како купувач на Брегалница се споменува компанијата „Кит-го“. Доколку биде прифатен ваков договор од Советот на Општината, тогаш акциите ќе се продаваат на берза и можно е и некој друг заинтересиран купувач да учествува во нивно купување.
Дали оваа втора продажба на Брегалница, по онаа неуспешната кога, наводно, требаше да ја преземат турски газди, ќе се реализира - времето ќе покаже.



Датум: 15.06.2017, 10:48
Статијата е прочитана 5162 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense