| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.03.2017

Шкендија жестоко возврати, Бесарт и Буба за големи 3:1

Во првиот меч од 1/2 финалето во Купот, тетовци одиграа одлично, постигнаа три гола преку Ибраими и Хасани со што и тоа како му се реваншираа на Вардар за поразот во неделата

Голема, голема победа на Шкендија среде Скопје на „Телеком Арената“ против Вардар со 3:1 во првиот 1/2 финален меч од Купот на Македонија. За само четири дена спротивни улоги на теренот. Сега Шкендија доминираше, беше одлична постигна три гола и успеа сосема заслужено да слави и во целост му се реваншираше на ривалот за неделниот пораз. Вардар пак одигра слабо, никаде го немаше на теренот, како момците на Седлоски се уште го прославуваа тој неделен триумф.

Тетовци поведоа со супер голот на Бесарт Ибраими во 25. минута кога „бомбаредерот“ на Шкендија од околу 35 испали една ракета која заврши во горниот десен агол на Алексовски. Во втората минута од судиското продолжение на првиот дел, фаулот на Грнчаров врз Меџедовиќ за судијата Мечраковски беше пенал а Ибраими беше сигурен реализатор за 2:0 за тетовци.

Во вториот дел Вардар брзо намали, уште во 50. минута. Одново имаше пенал но сега на другата страна. Чолак стартуваше врз Барсегјан а Мечкаровски покажа на белата точка. Фелипе како и во неделата, така и сега одново е сигурен за 1:2.
Во 76. проработе контрата на Шкендија, која ја завршија Меџедовиќ со асистенција до Хасани кој од 15 метри успеа да го совлада Алексовски за 3:1 за Шкендија.
Се чини дека со овој резултат, без разлика што реваншот се игра во Тетово на 19 април, Вардар повторно нема да го види финалето во Купот на Македонија.



Датум: 01.03.2017, 15:56
Статијата е прочитана 4759 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense