| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.04.2017

СЕДЛОСКИ: Нa Панчев му е местото во Вардар

„Дарко Панчев е најголемото име кое го има Вардар и затоа неговото место е тука со нас. Со него ќе биде полесно во исполнување на амбициите а тоа е силен и конкурентен клуб во Европа“, најавува Седлоски за новиот директор во клубот

Вардар е на +11 пред Шкендија. Вардар е пред нова титула и нов трон во шампионатот на Македонија. Секако дека голема заслуга за успесите и титулите има комплетниот тим но и тренерот. Гоце Седлоски откако седна на клупата на „црвено-црните“ ја исполнува целта. Тимот е на врвот, убедлива предност пред Шкендија и „три од три“ победи над директниот ривал во оваа сезона. Попладнево со 3:1 е добиено „Дербито на Македонија“ со Пелистер.
„Секој меч е важен секоја победа не носи поблиску до целта. Предноста од 11 бода не ни дава за право да кажеме дека е готово. Има уште 10 кола и 30 бода во игра. Нема опуштање и продолжуваме во исто темпо“, коментира Гоце Седлоски по победата над Пелистер.
Вардар полесно „дише“ последниве неколку недели. Дарко Панчев е нов спортски директор, функција на која претходно беше токму Гоце Седлоски.
„Кој ако не Дарко Панчев. Тој е најголемото име на Вардар и неговото место е тука со нас во клубот. Ќе ни биде полесно во остварувањето на амбициите. Тутулите дома се едно но желбата да се направи нешто повеќе во Европа е желба за која макотрпно работиме сите во клубот. Затоа ни е потребен Панчев а видов дека денеска со него на трибините беа Мето Спасовски и Илија Најдовски. Само сите обединети може да допринесат за поголеми успеси и повеќе публика на трибините. Ќе имаме средба деновиве со Дарко Панчев на кого му посакувам голем успех на новата функција“, е изјавата на Седлоски за новиот директор на клубот.



Датум: 09.04.2017, 21:34
Статијата е прочитана 2797 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense