| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.04.2017

Балканец е најдобар домаќин

Македонското и првенствата од соседското се најдобри во Европа по еден параметар.

Ако се земат предвид последните пет сезони, шампионатите на балканските држави предничат во податокот дека се најдобри по домашни победи. На чекор на оваа листа е  Босна и Херцеговина, односно тамошната Премиер лига, во која има 2.53 пати повеќе победи на домашните тимови отколку на гостинските (654-259). Албанците се втори (со 2.46), па суперлигата на Србија, во која има многу повеќе победи на домашните тимови (716), но и повеќе гостински (306), но вкупниот однос е сепак нешто помал од водечкиот двоец (2.34).

ОДЛИЧНO КОТИРАМЕ НА ЧЕТВРТО МЕСТО
Во самиот врв од екипите од овие простори, на четвртото место во оваа сезона се најде нашата фудбалска лига во која домаќините победиле 525 пати, додека оние номинирани како гости, славеле на 245.
Високо котираат и Хрватите, кои се на 12. позиција со скор од 504 победи на домашните и 268 на гостинските екипи.
Сепак, овие податоци и не треба да се прифатат така трагично, со оглед на тоа дека Лигата на шампионите е на 11. место (531-280).
Од ТОП 5 лигите во Европа најблиску до врвот е шпанската Примера (18.место), па лигата на Франција (20), а тука е и италијанската Серија А (25). Англиската Премиер лига е на 32, а германската на 35. место.

ТОП ПЕТ ЛИГИ
ПРОСЕК ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ СЕЗОНИ
Држава д.п нер. г.п просек
Премиер лига на БиХ 654 287 259 2.53
Лига на Албанија 525 202 213 2.46
Прва Лига Србија 716 376 306 2.34
МАКЕДОНСКА ПРВА ЛИГА 525 258 245 2.14
Серија А - Бразил 927 528 445 2.08



Датум: 10.04.2017, 21:22
Статијата е прочитана 2006 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense