| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.02.2017

И дефинитивно судиите ќе се одредуваат со ждрепка

Ждрепката ќе биде полудиригирана. Прво ќе се одредат најдобрите три „четворки“ кои ќе влезат во баранот за ждребување за дербито на колото

 

Како што велат нашите информации и дефинитивно за новата полусезона, ќе има ждребување  на судиите. Имено пред секое коло ќе се одредат пет „четворки“, главен судија, два помошника и еден четврти, како и две помошни „четворки“. Од тие пет ќе се одредат трите најдобри „четворки“ кои ќе бидат ставени во барабанот како кандидати за дербито или за мечот од висок ризик. На двете од трите кои ќе одпаднат, им се додаваат на останатите две „четворки“ за тие останати четири меча. Инаку секоја судиска „четворка“ ќе добие број од еден до пет. Ќе се одредат и две резервни „четворки“ со броеви 6 и 7, и тие ќе бидат делегирани само ако некој откаже. Ждребувањето ќе биде јавно.



Датум: 13.02.2017, 14:53
Статијата е прочитана 2284 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense