| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.11.2017

Почина фудбалерот кој беше застрелан во Аеродром

Фудбалерот Мартин Јанушев го загуби животот, откако денеска попладне беше застрелан во скопската населба во Аеродром.

Некогашниот фудбалер Мартин Јанушев не успеа да ја добие најважната битка. Според најновите информации некогашниот член на Локомотива, кој денеска попладне беше застрелан со пет куршуми, од кои четири завршиле во пределот на главата починал на патот кон болницата.
„Во врска со лекарскиот третман на застреланото  лице во Аеродром информираме дека лицето било донесено во болницата Св Наум Охридски без знаци на живот. И покрај тоа , докторите се обидувале да го реанимираат лицето 40 минути но безуспешно“,  се вели во соопштението на Министерството за здравство. 
Јанушев во својата кариера има настапувано во Локомотива, Маџари, како и во Србија.



Датум: 03.11.2017, 20:17
Статијата е прочитана 2782 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense