| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

19.03.2017

Македонскиот ракомет на ново јуниорско ЕП!

Македонската женска јуниорска репрезентација со 23:19 беше подобра од Фарските Острови за да обезбеди пласман на Европското првенство оваа година во Словенија

По сличниот успех на македонските јуниори, и девојките го направија своето - го освоија второто место на квалификацискиот турнир во Скопје со две победи и еден пораз.
„Црвено-жолтите" девојки, демонстрираа подобра игра, и го победија директниот конкурент за второто место во групата. Почетокот им припадна на гостинските ракометарки кои дојдоа до водство и од 5:3. Но, нашите репрезентативки успеаа да ја намалат негативата и до првото водство дојдоа точно на средината на првиот дел откако Гајиќ погоди за 8:7. Од тој момент па натака, нашата селекција беше таа што го контролаше мечот. Играта во секој нареден момент беше на подобро ниво, па така на полувреме заминавме со водство од 15:10.
Леонида Гичевска со седум голови беше најефикасниот поединец кај нас, а воедно и на теренот.
На првото место заврши Унгарија која што имаше максимален скор од три победи, а денеска ја демонстрираше својата сила над Молдавија и ја победи со неверојатни 65:20.



Датум: 19.03.2017, 22:29
Статијата е прочитана 894 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense