| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.01.2018

Тасевски: Проблем ни е реализацијата...

*„Задоволен сум од тоа како се работи овде во Анталија, од меч во меч нашата форма оди во нагорна линија, но тешко ни оди кога треба да се постигне гол“ вели Жикица Тасевски, стратегот на Силекс


Силекс во Анталија веќе е повеќе од една недела. Под водство на тренерот Жикица Тасевски кратовци максимално ги одработуваат поставените задачи. Одиграни се и три контролни мечеви а утре Силекс ќе ги одмери силите со силниот тим на Нефчи од Азербејџан.
„Па, можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се работи овде во Анталија. Ги користиме одличните услови за што подобро да се подготвиме. Пријателските мечеви пак ни служат за подигање на формата која од меч во меч оди во нагорна линија. Немам некои посебни замерки, единствено искрено не сум задоволен од реализацијата. Ни треба неколку шанси за да постигнеме гол. Еве на пример на завчерашниот меч со Арка, кој заврши 1:1, одигравме навистина добро, имавме барем десет шанси а постигнавме само еден гол и тоа од пенал. Покрај утрешниот меч со Нефчи, ни остануваат и контролите со Црвена Звезда и Кубан Краснодар. На тие мечеви нема веќе да добиваат шанса сите, туку оние кои досега заслужиле да конкурираат за првиот тим, треба да мислиме и на воигрување на екипата“ - ни изјави Жикица Тасевски.



Датум: 29.01.2018, 18:47
Статијата е прочитана 690 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense