| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.01.2017

Судиите ќе се одредуваат со ждрепка


Пред секое коло прво ќе се одредат пет судии, потоа истите ќе се ждребуваат за тие пет натпревари од Првата лига. Така ќе биде и кај второлигашите. Овој предлог наиде на поддршка кај прволигашите на вчерашниот состанок во ФФМ

 

Фудбалската Федерација на Македонија воведува извесни новитети за пролетниот дел од сезоната 2016/2017, и тоа пред се кај судиите, и во Првата но и Втората лига. Имено за прв пат во самостојна Македонија, се планира воведување на ждрепка за судиите, односно да се ждребува кој судија на кој натпревар ќе ја дели правдата. А не како што досега беше Комесарот за делегирање на судии да одредува кој делител на правдата да биде главен арбитар на било кој натпревар.
Е сега дали овој предлог е добар или не, дали Македонија има толку квалитетни судии за да можат истите да се ждребуваат, останува да покаже времето. Се разбира ова е предлог, а за тоа дали истиот ќе се примени за пролетниот дел или пак за нешто подоцна, исто така останува да се види. Ова беше разговарано и дискутирано на вчерашниот состанок на ФФМ со претседателите на прволигашките клубови кој се одржа во текот на вчерашниот ден.

ПОЛУДИРИГИРАНА ЖДРЕПКА
А таа ждрепка би била полудиригирана. Односно предлогот е пред секое коло на кој се играат пет прволигашки натпревари, да се одредат прво пет судии. Потоа имињата на тие пет судии се ставаат во барабан а од таму се влечат секој поединечно за тие пет натпревари. На пример пред било кое коло се одредуваат судиите како Ставрев, Мечкаровски, Јакимовски, Маркоски и Бартон, и сите тие се во „игра“ на пример за судење на еден дерби меч меѓу Шкендија - Вардар или пак Пелистер - Работнички. И може да се падне на пример Ставрев да суди Победа - Македонија а Маркоски пак Шкендија - Вардар. Така ќе биде ако така сака ждрепката. Инаку ова би се однесувало и за петте натпревари во Втората лига, каде исто така има пет натпревари. И таму ќе се одредат пет судии кои подоцна по пат на ждрепка, ќе се одредуваат кој каде ќе суди.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 28.01.2017, 12:31
Статијата е прочитана 1850 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense