| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.12.2017

ПОПЗЛАТАНОВ ВО РАБОТНИЧКИ, ЦВЕТАНОВСКИ ВО А.ПАНДЕВ!?

„Романтичарите“ и „Академците“ се засилуваат од редовите на Пелистер

Затишје пред бура. Така на едноставен начин може да се опише целиот предтрансферен период во овој момент кога станува збор за нашите прволигаши. Како и секогаш, па така е сега очите се вперени во Шкендија и Вардар, во нашите најголеми клубови. Но за нив нешто подоцна, засега во преден план се Работнички, Ренова, Академија Пандев, клубови за кои се шпекулира кој се од играчите би можеле да ги засилат нивните редови.
Најново е тоа што Работнички пројавил интерес за Јован Попзлатанов, десното крило на нашата млада репрезентација и сега веќе екс фудбалер на Пелистер. За него силно се заинтересирани се и Ренова, Вардар, Академија Пандев, но и два клуба од Србија, Сурдулца и Јавор. Од друга страна пак Матеј Цветановски, екстра талентот од Ѓорче кој во изминатите шест месеци беше член на Пелистер. За него свој интерес пројавува и Ренова. Сепак се додека не се потпише, додека било кој клуб не објави јавно дека тој играч е негов, некои работи може да се сменат.

СЛИКА ГОРЕ: ПОПЗЛАТАНОВ

СЛИКА ДОЛЕ: ЦВЕТАНОВСКИ




Датум: 16.12.2017, 15:03
Статијата е прочитана 2924 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense