| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.03.2017

ЕЈУПИ: Со Нестор би биле страшен тандем

„Не кријам... Чекам повик во националниот тим. Но, еве чекам две години и од сето тоа нема ништо. А би биле одличен тандем со Несторовски. Тој лани тука беше прв стрелец, а јас втор...“, ни изјави Музафер Музо Ејупи.

Пеналот врз него го претвори во гол, потоа уште еден за голема победа над Осиек врз Хајдук (2:1). Претпоставувате! Станува збор за Музафер Музо Ејупи. Детето на Вардар кое од Македонија замина на мала врата, а сега ете „растура“ во шампионатот на Хрватска. Таму некаде во август од Славен Белупо за 400.000 евра го купија од Осиек. И таму, во Белупо, а ете го и сега во Осиек - „растура“. Секоја чест за Ејупи, кој, како и секогаш, насмеан и полн со оптимизам, но и скромен кога ќе му честитате за успесите.
„Убаво е чувството кога сте јунак во една средина и кога ќе се победи Хајдук. Но, јас не сум таков тип кој се фали и целиот труд на целата екипа си ГО присвојува само за себе. Сите во Осиек сме херои кога победуваме, но и виновни кога губиме“, напоменува Ејупи по тренингот со екипата во која е и Милован Петровиќ.
„Ете со 11 голови сум прв на листата на стрелците. Лани бев втор, зад Несторовски. Едноставно ми годи фудбалот во Хрватска, кој е на едно добро ниво. Целта во оваа сезона е да бидеме трети и да обезбедиме сигурен пласман во Лигата на Европа. Засега добро ни оди. Таа битка за тоа трето место ја водиме токму со Хајдук“, ја пренесува Ејупи атмосферата од клубот и амбициите за оваа сезона.
Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 07.03.2017, 13:06
Статијата е прочитана 6066 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense