| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.10.2017

Вардар руши негативни рекорди

Тие 0:6 се најтешкиот пораз на некоја наша екипа во Европа на свој терен


Вардар руши рекорди, и тоа негативни. Имено, синоќа нашиот шампион го забележа убедливо најтешкиот пораз во својата историја на настапите во Европа, и тоа на свој терен. Ова е најубедливиот пораз и на некој наш клуб во Европа, на свој терен. Во Македонија, во Скопје, гостувале и Милан, Рома, Ливерпул, Лацио и други поголеми гиганти од Зенит и од Реал Сосиедад, па пак нашите клубови не примале „петки“ или „шестки“.
Вардар си ја напиша негативната историја, но затоа Реал Сосиедад онаа позитивната кога станува збор за настапите во Европа. Имено ова беше највисоката победа на Баскијците во Европа во нивната историја.



Датум: 20.10.2017, 10:34
Статијата е прочитана 617 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense