| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.12.2017

На Вардар му суди арбитар кој не носи среќа

Тој делеше правда на дуелот Гент - Шкендија (2:1), а судеше и на неколку натпревари на младите селекции кои што забележаа два порази и едно „реми“

Сергеј Бојко од Украина ќе биде главен арбитар на средбата Вардар - Розенборг во четврток во Скопје. Овој судија до сега има делено правда и на македонски тим, и на македонска селекција, а интересно е што никој до сега нема победа.

Бојко ја делеше правдата на натпреварот Гент - Шкендија кој заврши 2:1, а во 2011 судеше на дуелот помеѓу Македонија и Србија до 21 година кој заврши нерешено 1:1, кога Хасани во финишот постигна гол. Тој судеше и на селекцијата на Македонија до 19 години во поразот од Турција 3:1, и на истата селекција во дуелот со Унгарија кој што противникот го доби со 4:2.

Помошници на Бојко ќе му бидат Владимир Володин и Олександар Корнико. Дополнителни асистенти Евгениј Аргановскиј и Анатолиј Абдула. Четврт судија ќе биде Слемен Шлончак.



Датум: 04.12.2017, 16:03
Статијата е прочитана 565 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense