| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.12.2017

Вардар со само еден бек против Розенборг

Проблемите, главно, ги има на десната бековска позиција. Таму нема ниту еден на располагање затоа што Брдаровски е повреден, Хамбарѕумјан ем е повреден ем е суспендиран, а Тодороски не е пријавен. На левата страна го има само Демири, со оглед дека Глишиќ е повреден, а Попов нема право за настап

Утре Вардар ја има последната шанса да стигне до првите бодови во групната фаза. Ако не сака да заврши со нула на своето конто, ќе мора да не загуби утре, во дуелот против норвешки Розенборг. Токму третопласираниот тим во групата Л е најголемата шанса за Вардар да освои историски бодови. Предизвикот за Вардар е голем - пред своја публика, каде што доживеа два високи пораза, сега да ги брка првите поени во групата и да се обиде да ја избрише нулата на своето конто.
Но... Вардар се соочува со еден голем проблем во таа мисија. Поточно, стручниот штаб има огромни проблеми со играчкиот кадар. Имено, Чедомир Јаневски остана само со еден „способен“ бек пред овој натпревар. Да, единствено еден ќе може да игра, додека другите се или суспендирани, или повредени или немаат право да играат поради тоа што се непријавени. Чедомир Јаневски има голем предизвик да се справи со оваа посебна ситуација за Вардар пред утрешниот меч, а по првиот натпревар беше јасно дека вардарци беа нападнати од Норвежаните токму од страничните позиции. Ќе биде уште како тешко со оглед дека е многу тешко да се игра без бекови. Особено проблемот е голем на десната страна, каде што го нема Брдаровски, ќе го нема Хамбарѕумјан, а третиот десен бек, младиот Тодор Тодороски, не е пријавен за настапите во УЕФА.

„Способен“ само Демири

Од сите леви и десни бекови, „способен“ е само Бесир Демири. Тој вчера тренираше со екипата, го одигра целиот натпревар со Шкупи и само тој ќе биде способен од сите бекови што ги има Вардар на располагање. Бесир Демири нема суспензија, нема ниту повреда и тоа е единствената добра и радосна вест за стручниот штаб на Вардар пред утрешниот последен натпревар од Лигата на Европа против Розенборг. Се очекува тој да се најде меѓу првите 11-мина за својот тим, а на другата страна треба стручниот штаб да одлучи кому ќе му ја даде довербата. Сигурно дека тоа нема да биде класичен десен бек, со оглед дека таков во моментов нема на располагање.  



Датум: 06.12.2017, 13:37
Статијата е прочитана 1898 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense