| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.09.2017

Јаховиќ „здиве“ против Сиваспор

Три гола во противничката мрежа и еден во сопствената е билансот на Адис Јаховиќ во незаборавното претпладне за него денеска на гостувањето кај Сиваспор

Адис Јаховиќ предмалку направи нешто што ретко кому му пошло од рака на фудбалските терени. Постигна хет-трик за својот Гезтепе на гостувањето кај Сиваспор, а што е уште поинтересно си постигна и автогол. Неверојатно. Во записникот нашиот интернационалец се појави дури четирипати во листата на стрелците. Што е уште поинтересно, Јаховиќ најпрво си постигна автогол во 16. минута за водство на домашнтие, а потоа во радиус од дваесетина минути постигна три гола. Најпрво во 33. минута израмни на 1:1, а потоа во судиското продолжение од првиот дел, и во 53. минута со два добро изведени пенали стигна до хет-трик и водство на Гезтепе од 1:3. До крајот домашните намалија преку Коне но не успеаа да освојат бод. Јаховиќ во моментов е трет стрелец во турската лига со шест гола, затоа што Јилмас и Гомис имаат по седум.



Датум: 24.09.2017, 14:58
Статијата е прочитана 941 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense