| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.05.2017

Петрески дел од баражот за Мундијалот

Мечот Унгарија – Франција кој се игра утре со почеток од 12:00 часот претпладне, ќе биде клучниот кој од овој евро самит до 17. години ќе замине на планетарното натпрварување во оваа конкуренција

Дел од овој исклучително битен натпревар е и нашиот арбитар Гоце Петрески кој не само што зема активно учевство на овој турнир туку очигледно врши одлична работа во Хрватска, па довербата му е доделена уште еден пат. Петрески ќе биде дел од судиската тројка во која уште се дел и Папапетру од Грција и Гигуриу од Романија.
Инаку во полуфиналето од овој турнир се состануваат репрезентацииите на Турција и Англија, а во второто полуфинале играат Шпанија и Германија. Мечот Унгарија – Франција се игра на стадионот во Сесвете.



Датум: 15.05.2017, 11:44
Статијата е прочитана 2940 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense