| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.03.2017


Панчев сè поблиску до Вардар: Понудите на маса, се чека ракување


Тимот има понуда, од легендата исто така, сега се чека само обострано прифаќање и фудбалерот на векот да се врати во својот некогашен тим каде што беше и како играч и во раководните структури


Дарко Панчев назад во Вардар. Тоа е многу блиску да стане реалност откако деновиве се интензивирани преговорите со најдобриот македонски фудбалер на минатиот век и клубот од каде што популарната „Кобра“ го почна патот кон фудбалските височини.
Панчев остави траен белег во дресот на Вардар, најдобриот играч кој излегол од овој клуб, каде што подоцна се закити со европската шампионска круна во 1991 година.
Во миговите кога Вардар го има најголемиот буџет во својата историја, можеби една од најдобрите генерации, амбиции да игра во групната фаза од европско натпреварување. На овој Вардар му е потребен човек како Панчев, човек легенда на клубот кој ќе биде поставен на вистинското место за исполнување на целите кои се поставени пред клубот.

ВАРДАР ИМА ПОТРЕБА ОД СПОРТСКИ ДИРЕКТОР
Веќе година и пол Вардар нема спортски директор. Уште една легенда на македонскиот фудбал во името на Гоце Седлоски беше на оваа функција, сè до преземањето на тренерската палка во летото 2015 година. Човекот со најмногу настапи за репрезентацијата на Македонија сега е тренер на „црвено-црните“, и функцијата остана празна.
Несомнено е дека на Вардар му треба спортски директор ако посакува да ги оствари амбициите кои ги има. Му треба човек кој одлично ги познава работите, искуство, кој знае како е да се биде најдобар.

ПАНЧЕВ Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР
Токму Панчев со неговата биографија е вистинскиот избор за таа функција на Вардар. Веќе пишавме дека Вардар има потреба од Панчев, а тој би дошол во „црвено-црните“ по инсистирање на Сергеј Самсоненко. Неколкупати бил виден како доаѓа во Фудбалската академија на „црвено-црните“ покрај источната трибина на „Арената“. Има понуда, има и тој барања. Двете понуди се ставени на маса, сега остануваат уште само детали и пружање на рака, и ете го легендата повторно назад во својот матичен клуб.

СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА НОВАТА СЕЗОНА
Дарко Панчев ќе треба да биде „засилување“ во раководните структури на Вардар, но за новата сезона. Ако се нафати, тогаш тоа ќе биде по завршувањето од сезоната во којашто Вардарци очекуваат нова титула, одбрана на шампионскиот пехар, и „хет-трик“ титули. Веќе се кројат планови за новата сезона во која што амбициите на Вардар се веќе познати однапред. Меѓутоа, сега се сака да се направи нешто и надвор, не само во домашниот шампионат, односно да се мине барем едно коло.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 16.03.2017, 15:25
Статијата е прочитана 3718 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense