| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.08.2017

Со триумфот над Фенербахче, Вардар сруши рекорд

Турскиот гигант е екипа со најголем УЕФА коефициент кој бил совладан од еден македонски тим

Со триумфот над Фенербахче во четвртокот, Вардар сруши еден рекорд на македонските претставници во Европа. Имено, „црвено-црните“ совладаа екипа која што има УЕФА коефициент од 51.840, што претставува екипа која со најголем коефициент била совладана од еден македонски тим. Фенербахче има речиси десет пати поголем коефициент од Вардар, кој изнесвува 5.125.

Со тоа „црвено-црните“ дополнително ќе го зголематсвојот коефициент, а доколку успеат да влезат во групите ќе имаат уште плус 3.000.

До сега во нашата земја тимот на Ливерпул бил тим со најголем коефициент. Во таа сезона кога гостуваше на Работнички, англискиот тим имаше коефициент со нешто помалку од 118..000. Втора е Парма со околу 78.000 кога во 2000 година гостуваше на Победа, а трет тимот на Рома кој што имаше 72.000 кога играше против Вардар.



Датум: 19.08.2017, 12:39
Статијата е прочитана 3747 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense