| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2017

Ќе почека потписот на Марментини во Вардар

Бразилецот дојде во Анталија, но промоцијата ќе се случи за неколку дена

Новото име во таборот на Вардар, Густаво Марментини Дос Сантос и натаму не се приклучи на тренинзите на „црвено-црните“. Неговиот потпис на договорот ќе почека уште неколку дена. Иако Марментини допатува во Анталија, сепак, тој веднаш замина во Скопје каде што ќе ги мине неопходните лекарски прегледи пред и официјално да го стави потписот на договорот.

Марментини доаѓа како засилување на крилните позиции на екипата на Вардар. Тој може да игра и како офанзивен дел од средниот ред на екипата, односно на местото на Фелипе. Нема потреба за паника за Фелипе. Тој на 22 или на 23 јануари ќе се приклучи на екипата на Вардар на подготовките во Анталија. Доби слободно од стручниот штаб со оглед дека ги одигра сите 33 натпревари во есенскиот дел. Тоа е колку една цела сезона.



Датум: 20.01.2018, 09:12
Статијата е прочитана 1200 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense