| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.02.2017

Нурединоски е „вишок“ во Ермис

По само четири месеци престој во Ермис, Един Нурединоски е на излезна врата од тимот.

Кипарските медиуми пишуваат дека времето на голманот во овој тим е веќе минато, со оглед дека му била раскината соработката. Причина за такво нешто е одлуката на клубот да се потпре на млади сили, и да се ослободи од „вишокот“ кој го има во овој момент.
Некогашниот репрезентативец дојде во Ермис во ноември минатата година потпишувајќи договор до крајот на сезоната. Меѓутоа, нема целосно да го одработи договорот и ќе си замине од кипарскиот тим.
Нурединоски и во минатото беше на Кипар во тимот на Етникос Ахна и во Арис Лимасол, а по неколку месеци без клуб се одлучи повторно на Кипар, но одисејата кратко ќе трае. До сега го чуваше голот на девет натпревари.



Датум: 15.02.2017, 15:47
Статијата е прочитана 1696 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense